Open Knowledge
Contents

Defining Open in Open Data, Open Content and Open Knowledge

Дефиниција на Слободно Знаење верзија

Version: 1.1

Терминологија

Терминот Знаење вклучува:

  1. Содржини како музика, филмови, книги
  2. Податоци, било тоа да се научни, историски, географски или други
  3. Владини и други администрациски документи

Софтверот е исклучен и покрај неговата очигледна припадност зашто тој веќе е соодветно посочен од претходно.

Терминот работа ќе се користи за означување на поим, детал или ставка од областа на знаење на која се однесува.

Терминот пакет исто така може да се користи за означување на колекција од работи. Се разбира дека таквиот пакет може да ја означи и самата работа.

Терминот дозвола се однесува на правна и законска дозвола со која се овозможува работата. Ако не е направена дозвола, тогаш на ова треба да се гледа како на вкупните законски прописи со кои е возможна конкретната работа.

Дефиницијата

Работата е отворена ако начинот на нејзино дистрибуирање ги задоволува следните услови:

1. Пристап

До работата ќе има слободен пристап и тоа целосен и за не повеќе од некоја разумна цена за репродукција, најчесто таа ќе биде да може да се симне од интернет работата бесплатно. Работата исто мора да биде достапна во погодна и променлива форма.

Забелешка: Ова може да се сумира како „општествена“ отвореност - не само што ти е дозволено да ја земеш работата,туку и можеш да ја земеш. „Целосен пристап“ заштитува од ограничување на пристапот на индиректен начин, на пример со дозвола на пристап на само неколку ставки од базата на податоци едновремено.

2. Редистрибуција

Дозволата нема да забранува на ниту една од страните да ја продава или подарува работата било тоа да станува збор за една самостојна работа или пакет направен од работите од повеќе извори. Дозволата нема да бара авторски права или други исплати за таквата продажба или дистрибуција.

3. Повторно користење

Дозволата мора да овозможува модификации и изведени работи и мора да дозволи тие да можат да се дистрибуираат под условите наведени со оригиналната работа. Дозволата може да посочи некои барања за својствата и интегритетот: види подоле принцип 5 (Својства) и принцип 6 (Интегритет).

Забелешка: Земете во предвид дека оваа клаузула не забранува користење на „вирусни“ и делливи дозволи кои бараат редистрибуција на промените под исти услови како и оригиналот.

4. Отсуство на Технолошки Забрани

Работата мора да биде обезбедена во форма со која нема технолошки пречки за перформансите на горенаведените активности. Ова може да се обезбеди со давање на работата во отворен податочен формат, како на пример нејзината спецификација да биде јавно и слободно достапна и која не поставува финансиски или други забрани за нејзината употреба.

5. Својства

Може да е потребна дозвола како услов за редистрибуција и повеќекратна употреба на својствата дадени од соработниците и создавачите на работата. Ако е поставен овој услов, не смее да се занемари. Ако на пример има барања за својствата, список на барањата за својствата треба да се приложи со работата.

6. Интегритет

Како услов за дистрибуирање на работата во изменета форма може да е потребна дозвола и да се наведе дека конкретната работа има различно име и верзија од оригиналната работа.

7. Нема Дискриминација Кон Личности и Групи

Дозволата не смее да дискриминира ниту една личност или група на личности.

Забелешка: Со цел да се постигне најголема добивка од процесот, треба најголем можен број на луѓе и групи подеднакво да соработуваат кон процесот на отворено знаење. Оттука, забрануваме било која дозвола за отворено знаење да забрани некого да работи на процесот.

8. Нема Дискриминација Кон Области На Работење

Дозволата не смее да му забрани на било кого да ја искористи работата во специфично поле на работа. На пример, не смее да забрани работата да се користи деловно или во воени истражувања.

Забелешка: Најголемата цел на оваа намера е да се забранат замки за дозволите што забрануваат комерцијална употреба на слободното знаење. Ние сакаме комерцијалните корисници да се придружат на нашата заедница, а не да се чувствуваат исклучени.

9. Дистрибуција на Дозволата

Права кои се поврзани со работата мора да се однесуваат на сите на кои е редистрибуирана работата без потреба да се извршува друга дозвола од нивна страна.

Забелешка: Оваа клаузула е со намера да се забрани индиректно затворање на работата преку барање на договор за затворање (non-disclosure agreement).

10. Дозволата Не Смее Да Биде Специфична за Пакетот

Правата поврзани со работата не смеат да зависат од тоа дали работата е дел од конкретен пакет. Ако работата се оддели од тој пакет и се користи или дистрибуира согласно со условите од нејзината дозвола, сите страни на кои е редистрибуирана работата треба да имаат исти права со гарантираните согласно оригиналниот пакет.

11. Дозволата Не Смее Да Забрани Дистрибуирање На Други Работи

Дозволата не смее да поставува ограничувања на други работи кои се дистрибуирани според лиценцираната (дозволената) работа. На пример, дозволата не смее да инсистира на отвореност на сите работи кои се дистрибуираат низ истиот медиум.

Забелешка: Дистрибутерите на отворено знаење имаат право да направат сопствен избор. Забележете дека „навидум слободно делливите“ (share-alike) дозволи се согласни, зашто провизиите се бараат единствено ако целината формира единствена работа

Translated by Ljube Babunski